| четврток, 6 декември 2018 |

Ако Заев продолжи со ова што го прави ќе дојде до етапно уривање на македонскиот национален идентитет

Марјан Гиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија во седиштетот на партијата вели дека граѓаните се запрепастени од од она што во јуни беше сервирано во поглед на македонско-бугарските односи.

-На 18. ден од доаѓањето на власт на оваа гарнитура се случи дводневна посета на Република Бугарија во која што Зоран Заев не избомбардира со премногу информации, со премногу новини кои што никако не можат за толку краток период да настанат, истакна Гиевски цитирајќи дел од изјавата на Заев во која тој вели „во поглед на договор за добрососедство, разговаравме, ги приближивме ставовите кон договор за добрососедство, ни остана уште малку“.

Гиевски прашува кога Заев успеал да разговара на оваа тема во Бугарија, да ги приближе ставовите и да најави дека на втори Август ќе биде потпишан некаков си договор за добрососедство?

Тој посочи дека дел од изјавите на Заев и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов се несфатливи и оти не може да се излегува со такви формули кога станува збор за иднината на државата.

-Нема да потпишаме како рамноправни партнери, нема рамноправност, туку има буквално наметнување. Кога наметнувате нешто, логично е, се повлекувате од некоја или го терате оној со кого преговарате да се повлече од некоја своја позиција. Во овој случај позицијата од која што ние ќе треба да отстапиме ако се продолжи со ова што го прави Зоран Заев е уривање етапно на македонскиот национален идентитет. Целиот процес на понуди, преговори во изминатиот период, десетлетија, 15, 20 години го задира македонскиот идентите, појаснува Гиевски.

Додаде дека македонскиот идентитет како чувство и како право на еден човек е нешто свето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top