Намалување на дневната температура, локален дожд и грмежи, најавува за утре и в среда Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува и засилен ветер од југозападен правец.
В четврток ќе има врнежи на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи.
Дневната температура во следните два дена ќе бележи постепено опаѓање, а позначителен пад ќе има в четврток, кога ќе биде и најсвежо.
Од петок се очекува стабилизација и повторен пораст на температурата на воздухот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.