| четврток, 6 декември 2018 |

ШК „Алкалоид“ на Екипниот шампионат на Македонија

 

Боите на европскиот клупски шампион во шах, екипата на ШК „Алкалоид“, на Екипниот шампионат на Македонија, што ќе се одржи од денес до 30 јули во Охрид, ќе ги бранат интернационалниoт мајстор Филип Панчевски, велемајсторите Трајко Недев, Звонко Станојоски, Влатко Богдановски, интернационалниот мајстор Дејан Стојановски и велемајсторот Драгољуб Јаќимовиќ, капитен на екипата.
Во составот, покрај најдобрите македонски шахисти ќе се борат и четворица велемајстори од светскиот врв, членови и на минатогодишниот шампионски тим.

Европскиот клупски шампион во шах за 2016 година, екипата на ШК „Алкалоид“, и оваа година амбициозно се подготвува за најсилното клупско шаховско натпреварување во светот – ЕКК (Европски клупски куп, што ќе се одржи во Анталија во октомври.

По освојувањето на првата шампионска шаховска круна минатата година, амбициите се високи – освојување медал, односно пласман меѓу првите три екипи.
Павел Елјанов – актуелен предводник и стандарден член на шаховската репрезентација на Украина, со која до сега има освоено две олимписки злата и сребро на последната Олимпијада 2016; во 2015 година на Светскиот куп низ систем на меѓусебни елиминации од 128 учесници на стартот стигна до полуфинале, во кое беше поразен од победникот на турнирот, три пати член на шампионска екипа на Европски клупски куп (2009, 2010 и 2016). Со својата сигурна игра, како еден од најуспешните, на ЕКК 2016 освои бронзен медал за индивидуален резултат на трета табла (4,5 поени од 6 партии).

Дмитриј Андрејкин – член на Руската шаховска репрезентација; светски јуниорски првак за 2010 година и шампион на Русија за 2012 година, три пати член на шампионска екипа на Европски клупски куп (2009, 2010, 2016). На ЕКК 2016, играше на втора табла при што освои значајни 4,5 поени од 7 партии, без пораз!

Дмитриј Јаковенко – член на Руската шаховска федерација; Европски шампион за 2012 година; светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; првак на Европскиот екипен шампионат за 2007 година и носител на сребрен олимписки медал за 2012 година, два пати златен медал за индивидуален резултат на Олимпијада (2008 и 2012), три пати член на шампионска екипа на ЕКК (2005, 2006, 2016). На ЕКК 2016 играше сигурно на четврта табла при што освои 3,5 поени од 6 партии.

Јуриј Криворучко – член на шаховската репрезентација на Украина, со која освои сребрен медал на Олимпијадата 2016 година; шампион на Украина за 2013 година и континуирано член на ШК „Алкалоид“ во последниве 6 години. Секогаш максимално подготвен и мотивиран кога настапува за екипата на „Алкалоид“, во 2015 година освоисребрен медал за индивидуален резултат на Европскиот Клупски Куп, додека во 2016 година освои 5 поени од 7 партии.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top