Земјите од западниот дел на Балканот спаѓаат во сферата на интересите на четири светски сили – Соединетите Американски Држави, Руската Федерација, Кина и Турција, пишува српски Блиц.
И тие не се колебаат – понекогаш дури премногу директно, да зборуваат отворено за она што тие го сакаат од одделните земји и регионот во целина, стои во тектот објавен во Блиц.
Соработникот на Факултетот за политички науки, Стефан Срлиќ вели дека оваа ситуација би требало да биде разгледана од два аспекта: стратешки и од гледна точка на безбедноста. Кога збор за стратешки интерес, тој ги вклучува САД, Русија, Турција, Кина и сите оние кои се стремат да го прошират своето влијание во регионот. Објаснува дека кога станува збор за безбедноста, Балканот останува единствената област која не е интегрирана во Европската унија, со исклучок на Романија и Бугарија.
-Во исто време тие се и место каде што е потребно ЕУ да докаже дека е во состојба да го реши работите во задниот свој двор, да демонстрира успех на своите политики, и на тој начин да го освои легитимитет за успешно решавање на други кризи и проблеми- вели Срлиќ.
Според директорот на Центарот за регионализам Александар Попов, Балканот е составен дел од Европа, но истовремено земјите од регионот не се дел од заедницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст