Љубчо, дали твојата политика кон Албанците беше моронска што ти се случи конфликтот во 2001? Дали твојата политика кон меѓународната заедница беше моронска што не сакаа да те видат?, овие прашања ги поставува историчарот Никола Србов во својот ФБ статус.
Ова што сега му го правиш на ВМРО ДПМНЕ, за да си одработиш кон Бугарија која те заштити и ти даде пасош во време кога беше исплашен од СДСМ и странците да не бидеш уапсен, упатува на тоа дека ако некој однадвор има некоректна или брутална реакција кон нашата земја, вината е кај нас.
Тој понатаму пишува, а што и згреши ВМРО ДПМНЕ на Бугарија? Тоа што подигна споменици на основачите на Организацијата за која токму ти не учеше дека ВМРО ДПМНЕ е наследник и дека тоа се македонските херои?
Па токму ти во своите говори ги воспеваше од Делчев и Груев, преку Александров, па се до Ченто. Според кажувањата на основачите, ти си бил еден од оние кои инсистирале името на партијата да биде ВМРО. А што е ВМРО Љубчо? ВМРО е организација, но таа организација имала свои водачи и херои за кои ти не учеше дека треба да ни се инспирација и да им бидеме благодарни за денешната слобода. Груевски и денешното ВМРО ДПМНЕ го направи она што ти го проповедаше, и сега ВМРО ДПМНЕ биле морони. Морони затоа што ги почитуваат личностите и вредностите кои ти некогаш ги промовираше?
За антиквизацијата ќе те потсетам дека во моментот кога Грција донесе одлука да не блокира, есента 2007 година, во Македонија немаше ништо од она што ти и твоите од СДСМ го нарекувате „антиквизација“. Немаше ниту одлука за некој споменик посветен на лик од антиката а камоли да бил поставен таков споменик, немаше ни згради во класицизам, ништо немаше од тоа кога Грција одлучи да блокира.
Да те потсетиме Љубчо, кога ти ја направи ВМРО ДПМНЕ, па се додека беше премиер, ти беше тој кој ја антиквизираше ВМРО ДПМНЕ и Македонија. Ти го постави сонцето од Кутлеш – симболот на Филип ll и Александар македонски на грбот на партијата ВМРО ДПМНЕ, чиј претседател и основач беше ти, а не ова денешно, според тебе, моронско ВМРО ДПМНЕ.
Токму на Конгрес на партијата ти имаш држeно говор во кој објаснуваш дека Грција сака да ни го промени името и идентитетот. На крајот, беше премиер, имаше 4 години да го решиш спорот и да не внесеш во НАТО, но ништо од тоа. Немаш кредибилитет ниту право некого да критикуваш а уште помалку да навредуваш.
Гледам голема омраза и кон Антонио, бидејќи не останал во убедувањата кои ти си му ги пласирал додека бил млад и неискусен. Затоа што во овие 15 тина години не се потпрел само на она кое си му го говорел ти додека тој бил студент и малку ја имал проучено историјата, туку во меѓувреме повеќе проучил од историјата и затоа што се бори за својата земја и својата нација.
Не знам од кој крај на светот пишуваш и истураш навреди кон раководството на партијата, да беше тука досега 10 пати ќе излезеше на телевизија да ги окривуваш ВМРО и македонскиот народ дека се виновни. Кога ќе се вратиш сите ќе дознаеме, ќе те видиме на некоја телевизија како ни ја раскажуваш бугарската приказна, завршува со својот статус Србов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст