Работниците кои се на возраст од 40 години или нагоре се најпродуктивни кога работат само три дена во неделата, покажа најновата студија што ја објави Универзитетот во Мелбурн.
Истражувањето опфати 3.000 мажи и 3.500 жени и покажа дека луѓето на средна возраст се напродуктивни ако неделно на работа поминуваат помалку од 25 часа. Лицата кои се постари од 40 години и кои што работат по 55 часа неделно се претерано изморени и под огромно нивно на стрес, а таквата состојба влијае и на работната средина.
Кога работат подолго од 25 часа, луѓето постари од 40 години се помалку продуктивни дури и од пензионерите. Во светот постои тренд на скратување на работното време и давање на се поголема дозвола на работниците да работат од дома со флексибилно работно време.
Деновиве, Џек Ма – основачот на Алибаба изјави дека за 30 години луѓето ќе работат со скратено работно време и тоа само 4 денови во неделата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст