До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Дневната температура ќе биде во благ пораст и во голем дел од земјава ќе надминува 35° С, а на југоистокот ќе достигне до 40° С. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9.
Денес и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја. Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во северната половина од земјата ќe има локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.
Дневната температура ќе се движи од 30 до 39 степени. Од вторник се очекува промена на временската состојба, кога во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните делови.
Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опѓање, кое ќе продолжи и во наредните два дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст