| четврток, 6 декември 2018 |

Нови притисоци врз судот од страна на експертите на СДСМ

Експертите на СДСМ продолжуваат да го притискаат судот да донесе политичка одлука за притвори на обвинетите од страна на Специјалното јавно обвинителство.

По ставот на адвокатот Ѕвонко Давидовиќ за телевизија Алсат вчера, денес по истата шема притисокот продолжува со изјава на поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски.

Најмногу постои опасност да се врши влијание врз лицата кои треба да бидат распитани во постапката, а дека тоа е можно зборува и досегашното однесување на лицата кои се предмет на гонење на СЈО, тргнувајќи од она на каква позиција се. Меѓутоа, мислам дека постои опасност и од бегство затоа што станува збор за лица кои и сами знаат дека се инволвирани во тешки кривични дела, за кои барем јас очекувам дека е вистинито она што се тврди со писмените докази и дека ќе бидат изречени и правосилни пресуди“, вели Трпеновски, за Алсат.

Сепак дека ова се конструкции на границата на апсурдот мислат правниците кои нашата редакција ги консултираше.

„Предистражната и истражната постапка се завршени СЈО излезе на пресконференција и кажа дека има цврсти докази во поткрепа на обвиненијата што само по себе подразбира дека има и изјави зад кои стојат и сведоци. Секоја промена на изјава е веќе давање на лажен исказ што само по себе е кривично дело“, велат тие како тие т.н можност за влијание врз сведоците на кое посочува Трпеновски и додаваат:

„Зошто некој што веќе одлучил да соработува со СЈО би го менувал исказот и би ризикувал кривичен прогон знаејќи за поддршката што ја има СЈО од актуелната власт, со што би можел да се закани било кој поранешен функционер од ВМРО-ДПМНЕ, кога сите полуги на власта се во рацете на Зоран Заев и владејачкото мнозинство?“

Доколку се размислува логички и објективно поголема можност за влијание врз сведоци има токму актуелната власт, вели друг правник за исказите на Трпеновски.

-Гледаме дека власта наголемо деновиве се заканува, дели отказни решенија, деградира и делвавира вработени во јавната администрација спроведувајќи своевиден политички прогон. Апсурдна е и така наречената опасност од бегство, ниту еден од досега опфатените во преку 20 предмети против 100 луѓе не избегал од државата вели правникот.

Дека станува збор за нарачан политички притисок од СДСМ, говори и делот во изјавата на Трпеновски во кои се оправдува најавениот генерален реизбор на судии кој пак е спротивен од препораките на Европската Комисија.

„Дел од судиите немаат ниту личен ниту професионален интегритет. Тоа можело да се смени само со коренити реформи во правосудството, кое, според него, не си ја изврши вистинската функција. Во спротивно, опструкциите кон СЈО ќе продолжат“, смета Трпеновски.

Доколку не би знаеле дека ова е изјава од Јован Трпеновски, би помислиле дека истата е напишана лично од раководните лица во новото т.н Министерство за пропаганда на СДСМ, бидејќи е максимално апологетска кон селективниот и политички пристап кон СЈО и јавно утврдената спрега меѓу Јанева и Заев, како и кон желбите и најавите на СДСМ за целосна партизација на судството, исто како во 1997-та година кога во еден ден тогашната власт промени 617 судии.

Вчерашната изјава на Давидовиќ беше на иста линија и во рамките на ист организиран план: Преку изјави на т.е независни експерти да се врши притисок на судиите во Апелација за да донесат политички одлуки за притвори на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу другото и Трпеновски беше меѓу имињата за кои се шпекулираше дека е ангажиран како советник од страна на СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top