| четврток, 6 декември 2018 |

Валверде: Нејмар е клучен играч, Барселона мора да го задржи!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, веднаш по победата против Јувентус од 2-1 изјави дека и покрај сите тврдења дека Нејмар заминува, тој сигурно ќе остане во тимот на Барселона, бидејќи неговото заминување би претставувало голем хендикеп за екипата.

– Барселона нема да може без Нејмар. Сакаме да остане во тимот, бидејќи знаеме колку тој придонесува во играта. Но, не само на теренот, тој е голем мотиватор и во соблекувалната. Доколку навистина замине, без него ќе биде навистина тешко во новата сезона. Моментално не постои играч кој би го заменил – изјави Валверде, веднаш по победата против Јувентус.

Нејмар беше еден од клучните играчи во синоќешната победа, а со спектакуларни погодоци како да сакаше да покаже дека навистина е најдобар играч и дека дојде време да ја освои „Златната топка“. Дали Нејмар ќе направи рекорден трансфер од 222 милиони евра во ПСЖ, останува да видеме во следниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top