Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани му порача на претсдеталот на Европската комисија Жан Клод Јункер дека пратениците до септември се на одмор и дека не би требало да ги вознемирува во тој период.
Тајани во писмо до Јункер од 13 јули истакнал дека парламентот оди на летна пауза и дека до септември да не го очекува да почне да работи.
-Би Ви бил благодарен ако би можеле од датата на приемот на писмото да престанете со праќање какви било соопштенија или барања за одлучувања за буџетот кој е во надлежност на ЕП- пишува Тајани.
Седница на парламентот е неопходна ако Комисијата би сакала да префрли пари од еден во друг буџет, на пример како реакција за мигрантската криза. Годинава до сега имало 17 барања за буџетски трансфер.
-Би сакал да Ве информирам дека како што е вообичаено, ЕП нема да држи ниту пренарни седници ниту состаноци на одборите во период од 12 јули до 30 август- напишал Тајани во писмото кое го објави порталот Политико.
Тајани додава дека „не би било фер“ парламентот да се вознемирува врз основа на „принципот на лојална соработка меѓу европските институции“ и побара од Јункер да „преземе неопходни мерки“ да обезбеди летната пауза на парламентот да остане непопречена“.
Писма со слична содржина Тајани испратил и до претседателите на институциите и телата на Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.