Земјотрес од 4,2 степени утрово ја потресе централна Италија, соопшти Националниот институт по геофизика и вулканологија на Италија.
Засега нема податоци за жртви и причинета материјална штета. Според податоците на Институтот потресот е почувствуван во 4.13 часот по македонско време, а епицентарот бил на 14 км. длабочина на границата меѓу провинциите Аквила, Риети и Терамо.
Овие области се во близина на градот Аматриче, кој беше речиси целосно уништен со земјата по минатогодишните земјотреси од 24 август и 26 октомври, достигнувајќи дури 6 степени по Рихтер .
Инаку вчера имаше силен земјотрес од 6.7 степени во Егејско море, при што се стресоа Грција и Турција, а имаше и жртви, повредени и штети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.