| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува 29. „Поетска ноќ во Велестово“

Вечер започнува 29-то издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово. На манифестацијата уникатна по својот концепт и секогаш богата со нови содржини, секоја година се посветува внимание на творештвото на еден македонски поет. Годинава таа чест му припадна на академик Ристо Василевски, за кого беседа ќе одржи поетот Бранко Цветкоски.

-Годинава тоа задоволство го има нашиот поет кој живее во Република Србија, Ристо Василевски, кој е е еден мост помеѓу македонската и српската литература, кој српската литература ја приопштува на македонски јазик и обратно, македонската на српски јазик, едно афирмирано поетско име кое е афирмирано не само надвор од земјава и блаканот туку пошироко информира Славе Ѓорго Димоски, основач манифестација „Поетска ноќ во Велестово.

Во својот 29 годишен пат манифестација претсавила бројни македонски уметници: Гане Тодоровски, Анте Поповски, Петре Андреевски, Матеја Матевски, Раде Силјан, Катица Ќулавкова, Санде Стојчевски и др.

-Јас мислам дека „Поетската ноќ во Велестово“ е една од две или три најважни точки од претставувањето на современата македонска поезија воопшто.0.15 (лепи) 02.14„Ова е уште една можност на еден непосреден начин мојата поезија да допре до една литература која во скалилата на европската вредност зазема едно високо место, потенцира Академик Ристо Василевски.

Втора година по ред посебна вечер на манифестацијата и се посветува на една национална поезија. Минатата година беше претставена современата ирска поезија, а оваа година современата бугарска поезија.

-На толку убави места како што е Охрид, поезијата на крајот на краиштата создава своја територија, која иако ги опфаќа националните територии истовремео истите ги надминува и многу сум среќеншто сум во Охрид, вели Владимир Левчев – поет Бугарија.

Во рамки на манифестацијата, а во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации и МАНУ на 28 јули ќе се одржи промоција на проект книгата Извештаи на Рисот од Славе Ѓорѓо Димоски и Сергеј Андреевски. Исто така во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации во текот на летото во Охрид ќе бидат организирани и прoмоции на делата Доилката од Лилјана Пандева и Ништо не е недостижно од Зоран Јакимоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top