| четврток, 6 декември 2018 |

Ако планирате да одите на одмор, избегнувајте ги овие датуми

Доколку тргнувате на патување избегнувајте го петок попладне кога многумина после работа тргнуваат на пат или во недела навечер, ден кога најчесто сите се одлучуваат за враќање дома, а исто така лош ден за тргнување е кога е најголемата смена на туристите помеѓу 10, 15, 20 и 30 во месецот.

Црн 10 август

Во последниве 10 години статистиката покажува дека 10 август е ден кога имало најмногу интервенции по патиштата, ден кога најмногу метеж се прави токму на наплатните рампи и граничните премини.

Во сабота се случуваат најмногу сообраќајни несреќи.

И овој ден не треба да биде опуштен за возење. Тој ден се случуваат најмногу сообраќајни несреќи и тоа со смртни последици.

Патувањето ноќе е всушност термин кога се забележани најмалку несреќи, но кога се случува по некоја таа е со катастрофални последици.

Секој треба да го одреди својот ден според своите потреби, но тоа мора да биде ден кога возачот ќе биде најмногу одморен.

Најмногу метеж има на 10, 15, 20 и 30 во месецот.

Метежот може да биде во утринските часови, на пример околу 6 часот наутро кога има смена на вработените на граничните премини, а тоа посебно важи за патување во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top