Министерот за финансии Тевдовски е елементарна непогода и најголем ризик по македонската економија. Човекот има право да биде изгубен и да не разликува долг на централната власт од долгови на локалната власт или долгови меѓу претпријатијата, но нема право неговото учење и созревање да го плаќаат граѓаните. Тој за 40-тина дена само по основ на аукции на државни хартии од вредност ја задолжи државата за речиси 4,5 милијарда денари, а вчера на прес конференција изнесе куп манипулации и невистинити бројки околу наводен скриен долг. Тоа беше само невешт обид да се дефокусира јавноста од погрешните политики кои ги прави неговиот лидер Зоран Заев – посочи Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Таа посочи дека о објавените податоци намерно или од незнаење се презентирани збирно податоците за локалната и централната власт, во услови кога, како што кажа, на сите им е јасно дека постои поделба на локална, централна и судска власт.
– Со ова Тевдовски срамно се обиде да ги припише на ВМРО-ДПМНЕ долговите кои ги правел неговиот сопартиец Александар Петревски, како поранешен градоначалник Охрид. Како илустрација една од најзадолжените општини е Охрид од времето кога со неа менаџираше СДС и кои зад себе оставија долг од повеќе од 50 милиони евра. Дел од овие долгови постои сомнеж дека беа правени фиктивно со цел испумпување на народни пари за партиски цели. Од вкупно објавениот износ за наводниот скриен долг само 180 милиони се однесуваат на централната власт. Паднаа во вода обвинувањата кои ги даваа само до пред некој месец кога говореа за наводен скриен долг од неколку милијарди евра, од тоа дека само што не се случило грчко сценарио, и слични манипулации – вели таа.
Понатаму додава дека Тевдовски и СДС не кажуваат дека овој долг од 180 милиони евра на централната власт е всушност обврски по основ на повеќегодишни јавни набавки, податок кои што редовно постои и се ажурира во Министерството за финансии.
-Притоа Економските оператори доброволно се пријавувале на објавените повици за тендери и ги прифаќале тендерските услови, така да повторно не може да стане збор за скриен долг. Тоа значи дека се работи за средства кои согласно динамиката државата ги исплаќала и треба да продолжи да го прави.Сето ова уште еднаш покажува дека владата на ВМРО крајно одговорно и домаќински ги менаџираше јавните финансии на државата. Очекуваме поголема одговорност од Тевдовски и СДС по однос на менаџирањето на буџетот, наместо да прават алиби прес конференции со кои ги покриваат своите непознавања и безидејност. Оваа прес конференција на министерот за финансии е само потврда за неговото бруто-нето познавање на јавните финансии кое се обидува да го покрие со манипулација – изјави Соња Гелова Стојанова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст