Тројца битолчани на возраст од 21 до 41 година кривично ќе одговараат за грабнување и разбојништво врз 31-годишен сограѓанин.
Како што известува СВР Битола, битолчаните Т.M. (41), В.М. (21) и О.М. (37) на 9 јули го пресретнале пред железничката станица во Битола и физички го нападнале Н.Б. (31), од Битола, насилно го ставиле во патничко моторно возило „ауди А4“. Целта им била да го соочат со Ш.Ш. (22), кон кој имал наводен долг од 6.000 денари, а со закана со пиштол му одзеле и два мобилни телефони, причинувајќи му материјална штета од 25.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст