Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава за Б.Ф. (21) и К.С. (35), помлади референти во Отсекот за управни работи Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Полицајците ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола на службените возила што „Топлификација“ му ги отстапува на користење на „Балкан енерџи“.
Минатата година во октомври кога на пунктот за регистрација на моторни возила во АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје „Балкан енерџи“ поднеле барања за продолжување на важноста на регистрацијата на пет моторни возила, сопственост на „Топлификација“ Скопје, пријавените постапиле спротивно на одредбите од Правилникот за начинот и постапка на регистрација на возила и ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола, без да има приложено полномошно од страна на сопственикот „Топлификација“ со кое го овластува „Балкан енерџи“ да ги преземе сите дејствија во врска со технички преглед и регистрација на наведените возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст