| четврток, 6 декември 2018 |

МНР: Нема повредени македонски државјани во земјотресите во Бодрум и во Кос


Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и со Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина, соопшти МНР во врска со земјотресот кој се случи во Турција и во Грција.

МНР наведува дедка, според официјалните инфомации од надлежните турските и грчки органи, засега нема сознанија за повредени македонски граѓани, а ниту еден македонски државјанин не се обратил за инфомација или за помош.

Според информациите што ги објави Агенцијата за управување кризи на Република Турција (АФАД), по полноќ, во заливот Гокова (провинцијата Мугла), каде што се наоѓа туристичкиот град Бодрум, местото го зафатиле серија од над 45 земјотреси од кои најсилниот бил со интензитет од 6,3 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил во непосредна близина на Бодрум и грчкиот остров Кос. Има две жртви на грчкиот остров Кос, повеќе повредени, а земјотресот предизвикал сериозна материјална штета.

За сите инфомации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Република Турција и Грција активни се следниве телефонски линии:

Амбасада на Република Македонија во Анкара
Фиксен телефон: + 903 12 439 92 04 ; + 903 12 439 92 08
Мобилен телефони: +905303395884; +905385466691

Канцеларија за врски на Република Македонија во Атина
Фиксен телефон: +30 210 67 49 585
Мобилен телефон: +30 694 501 39 50

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top