Ф1 тимот на Ферари настојува по секоја цена да го задржи Себастијан Фетел во своите редови. И не жалат пари за тоа. Според италијанските медиуми Ферари на Фетел му понудил нов тригодишен договор „тежок“ 138,5 милиони долари.
Актуелниот договор на Германецот со италијанскиот тим истекува на крајот од оваа сезона, но раководството на Ферари веќе презема директни чекор за да го задржи четирикратниот шампион во црвениот болид. Претседателот на Ферари, Маурицио Аривабене, минатата недела на трката за ГН на Австрија соопшти дека раководството веќе ја доставило понудата за нов договор и се чека Фетел да донесе конечно решение.
Германскиот возач дојде во Ферари во 2015 година со тригодишен договор. Но, по изненадното повлекување на Нико Розберг на крајот од ланската сезона, името на Фетел често се поврзуваше со тимот на Мерцедес.
Засега се уште не е дефинирано дали Ферари има намера да го задржи и вториот возач во својот тим, Финецот Кими Раиконен, чиј договор исто така истекува на крајот од оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент