| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА направи грешка: Билети за Суперкупот се препордаваат и по 500 евра

УЕФА можеби направи грешка со одлуката да биде организирана лотарија преку која ќе бидат распределени билетите за големиот фудбалски спектакл, европскиот Суперкуп кој ќе биде одигран на 8. август на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Факторот среќа играше најголема улога за време на лотаријата, но за жал поголемиот дел од билетите завршија кај лица кои ниту се навивачи, ниту следат фудбал. 

Веднаш откако УЕФА ќе го испрати меилот дека аплицирањето за билет е успешно, на сите социјални мрежи и на сајтовите на кои се продава се и сешто, доминираа понудите за продажба на билетите, нормално по далеку повисока цена. Македонецот требаше да одвои 15, 30 или 50 евра за да во живо ги гледа ѕвездите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М) и на најтрофејниот англиски клуб Манчестер Јунајтед, но тој што немал среќа во лотаријата, а е голем фан на еден од двата клуба, сега мора да понуди најмалку 300 евра за еден билет.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top