Американскиот и кинескиот претседател Барак Обама и Си Џинпинг, кој е во прва посета на САД, заедно ќе работат на решавање на споровите околу компјутерската безбедност и економскиот развој. Според Обама, САД и Кина треба заедно да работат околу компјутерската безбедност и заштитата на интелектуалната сопственост.
Вашингтон тврди дека кинески хакери пристапиле до американските тајни воени податоци, што Кина го негира. Белата куќа во исто време има проблеми со прислушување на телефоните и надгледувањето на електронската пошта во земјата.
Кинескиот претседател се сложува дека прашањата за компјутерска безбеднсот треба да се решаваат „прагматично“, но додаде дека и Пекинг има проблеми со кибер- напади.
Околу економските прашања, Обама го поздрави напредокот на Кина , но му даде до знаење на Џинпинг дека Пекинг мора да ги почитува светските економски правила и да се развива во соработка со други земји врз база на заеднички интереси и почитување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


