| четврток, 6 декември 2018 |

Путин се капе во крв од елен за поголемо либидо

Претседателот на Русија, Владимир Путин се капе во крв истечена од исечени рогови на касписки точкест елен, со цел да си го зацврсти здравјето, пишува „Дејли меил“.

Древното предание вели дека тој „еликсир“ го поттикнува лачењето на тестостеронот, што пак, го подобрува и здравјето и потентноста кај мажот. Озборувањата говорат дека шефот на руската држава се капе во крв неколкупати во годината.

Активисти за заштита на животните го осудија тој „варварски ритуал“ на сечење на роговите на елен за „големците да можат да се искапат“.

Уште повеќе, се говори и дека рускиот премиер Дмитриј Медведев исто така е љубител на крвавите бањи. Во Русија, роговите од тој вид елени се познати како „златни”.

Aлтајската фирма што извезува точкести елени во Кина, поради нивното „лековито дејство“, го рекламира екстрактот како „моќен тоник, кој ги зајакнува коските, мускулите, забите, видот и слухот, а, исто така, лечи пневмонија, астма, остеопороза, артритис…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top