| четврток, 6 декември 2018 |

Приказна која го расплака регионот: Сестрите Тамара и Тијана растат без мајка и татко

Тамара има 9, а Тијана 7 години. Родителите им умреле од канцер, а тие две живеат во недовршена куќа во селото Бање на Косово.

Не стигнале ниту да ги запознаат радостите на животот, а тагата ги окова. Малите сестри Лазовиќ останаа без родители.

Таткото им починал во 2013 година од рак на белите дробови. Семејството вели дека умрел од последиците на бомбардирањето со осиромашен ураниум, бидејќи војувал во Јуник. Мајката девојчињата ја погребале пред 2 години. Боледувала од карцином на кожата. За нив двете се грижат тетките. Спијат во недовршена куќичка, која родителите почнале да ја ѕидаат во селото Бање, општина Зубин Поток на Косово.

Помалечката Тијана тивко вели дека ѝ недостигаат мама и тато, но и Бојан, постариот брат по мајка, кој заминал во Суботица. Постарата Тамара додава дека најтешко им е ноќе.

-И синоќа кога легнав, се сетив на мајка ми и Бојан. А тато… секој ден ми недостига!

Сѐ можеме да им подариме, и срце и душа, се надоврзува тетката Нада Лазовиќ, но празнината која останува по таткото и мајката не може да се надомести. За Тамара и Тијана уште се грижи и тетката Добрица Соврлиќ.

-Останаа со мене и со постарата сестра. Тоа ни остана од братот. Јас живеам во Газивода, имам два сина и сопруг. Овде сум со децата. Ќе слезам долу на ден два и се враќам да им помогнам на дечињата, вели Добрица.

Тамара во септември ќе оди во трето одделение, а Тијана во прво. Во селото Бање постои само четиригодишно основно училиште, во кое оди уште само едно девојче школувањето мора да го продолжат или во Зубин Поток или во Брњак. Двете места се оддалечени на 20-ина километри што е голем поблем. Поради тоа тетка Добрица апелира до луѓето да им помогнат. Би ги однела таа кај неа во Газивода, но и таа едвај успева да се смести во барака од 38 квадрати со синовите и мажот.

-Решение за овие деца е да ги спуштам во Газивода или Зубин Поток, поблиску до мене, до училиштето и амбулантата. Побарав помош од општината Зубин Поток, но не ми излегоа в пресрет. Од почетокот барав децата да се преселат поблиску до мене зашто нема да можам ни психички ни физички да издржам, но општината не реагира – вели тетка Добрица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top