| четврток, 6 декември 2018 |

Робот се „удави“ во фонтанa во САД

Безбедносен робот, производ на компанијата Најтскоуп (Knightscope), падна во фонтана во вашинготнскиот комплекс Џорџтаун вотерфронт  каде работел и „се удави“, јави „Индепендент“. Роботот го забележале случајните минувачи и нивните фотографии станаа хит на интернет, посебно оние на персоналот од трговскиот центар додека размислуваат како да го извлечат од водата.

Најтскоуп роботот е во состојба да ја разбере својата животна околина и да процени кога се случува нешто лошо по пат на комбинација на микрофон, камера и други сензори. Се очекува во иднина дека ќе може да открива оружје и ќе добие вештачка интелигенција. Кога роботот ќе открие неправилност, тој прави врева која треба да ги одврати криминалците и другите од правење проблеми.

Изнајмување на робот од компанијата Најтскоуп чини седум долари на час. Оттаму тврдат дека роботот подобро обезбедува од човекот, затоа што може да издржи напад, нема замор и никогаш не му здосадува работата која ја работи. Таа наводна одлука, сепак, наведе многумина да размислуваат за состојбата на технологијата во овој век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top