| четврток, 6 декември 2018 |

„Жито Прилеп“: Работникот кој настрада беше ангажиран од надворешен снабдувач

Компанијата „Жито Прилеп” АД изразува длабоко жалење за несреќниот случај кој се случи вчера во фабриката, кога при истовар на жито од камион на 45-годишниот М.И. од Прилеп кој бил сезонски работник, му се слошило. Тој паднал од приколката, а врз него паднала и вреќа со жито, по што починал на лице место.

Од компанијата велат дека упатуваат сочувство до семејството за огромната загуба:

Во името на “Жито Прилеп” АД изразуваме длабоко жалење за несреќниот случај и упатуваме сочувство до семејството за огромната загуба. Со целосно разбирање за чувствителноста на моментот, а во интерес на потребата на правилно утврдување на фактичката состојба, како општествено одговорна и совесна компанија, чувствуваме за неопходно да ја информираме јавноста за трагичниот настан. Имено, при истовар на пченица во кругот на нашата компанија, денес, едно лице кое не е вработено во “Жито Прилеп” АД, туку е ангажирано од надворешен снабдувач со пченица, при несреќни околности го загуби животот. За конкретниот трагичен настан нашата компанија нема никакви надлежности, особено што се работи за методологија и безбедносни протоколи на надворешен контрактор. За сите сопствени активности “Жито Прилеп” АД согласно сите позитивни законски прописи редовно ги спроведува и ажурира сите највисоки стандарди за безбедност при работа.

Надлежните истражни органи извршија увид на лице место и ги преземаа сите неопходни дејствија за целосно расчистување на околностите, за што сме сигурни дека ќе ја информираат јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top