| четврток, 6 декември 2018 |

Обилен дожд предизвика поплави по улиците на Истанбул

Вистински потоп денеска во Истанбул предизвика обилниот дожд, неколку автомобили се заглавени во вода, многу граѓани се заглавени во своите автомобили.

Според турските медиуми најзагозени од поплавите се жителите на квартот Силиври, каде дури спасувачките екипи морале да употребуваат и чамци за извлекување на жителите заглавени во вода.

Привремено затворен за сообраќај е и евроазискиот тунел кој ги поврзува европската и азиската страна на Истанбул. За еден час во Истанбул денеска наврнале 50 литри дожд на метар квадратен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top