| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за верижниот судир кај Удово

На магистралниот пат А1 село Удово-Гевгелија, во близина на местото Марвинска клучка вчера утророто во 8.20 часот се случила сообраќајна незгода меѓу патнички возила „фијат“ со српски регистарски ознаки, управувано од Р.Д. (68) од Белград, „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С. (41) од Гевгелија, „рено кадјар“ со фински регистарски ознаки управувано од М.Е.Ј. (68) од Лахти и „шкода октавија“ со романски регистарски ознаки управувано од П.С.Ц. (37) од Бихор.

Во сообраќајната незгода со телесни повреди се здобиле Р.Д., М.С. (69), сопатник во возилото „опел астра“ и Х.М. (67), сопатник во возилото „рено кадјар“, кои по извршените лекарски прегледи се пуштени на домашно лекување.

По овластување на јавен обвинител од ОЈО Гевгелија увид на лице место извршила екипа од Полициската станица- ОН Валандово. Додека траел увидот, подигањето на возилата и чистење на  коловозот, сообраќајот на магистралниот пат А1 бил во прекин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top