Зоран Заев ја реализира заканата дека ќе јаде живи луѓе и ќе брка од работа од чистачка до министер. Човек кој изигрува голем демократ, брутално на една седница на Владата, без законски основ разреши дури 1500 членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија, здравствени установи, центри за социјална работа, агенции и други правни лица. Ги разреши сите членови на управните и надзорните одбори со цел да се спречеле штети на буџетот од ”неодговорното однесување на членовите на управните и надзорните одбори на Јавните претпријатија, за кои постојат информаци дека дека биле подпишувани штетни менаџерски договори и дека биле именувани лица на менаџерски позиции со надоместоци со астрономски суми”.
Ова што го направи Владата на Зоран Заев е без преседан во во пошироки размери. Toa e апсолутен рекорд во еден ден без законска основ и без образложение и да се разрешат толку луѓе. Да се изрази неоснован сомнеж за толку многу луѓе, да се квалификуваат како неодговорни, нечесни, несовесни и потенцијално опасни за буџетот, како крадци, се граничи со малоумност и преставува тешка повреда на нивните елементарни човекови права. Согласно член 17 од Законот за јавните претпријатија, во управниот одбор основачот именува претставници од редот на афирмирани и познати стручњаци во областа на предметот на работењето на јавното претпријатие. Дали барем еден од тие афирмирани и познати стручњаци ги задоволува критериумите за чесност и совесност? Ќе има ли доблест Владата да им се извини на овие луѓе за тешките навреди и омаловажувања или ќе ги остави да бараат задоволување на нивните права со поднесување на тужба до надлежниот суд, на што имаат законско право.
Наводните информации дека биле подпишувани штетни менаџерски договори со надоместоци со астрономски суми, се само параван да се прикрие целосната чистка и брза груба партизација која се граничи со пуч во јавната администравција, што побргу да се сместат партиските карди и шарени револуционери, платеници и наводни невладини менаџери кои веќе заседнаа во удобни владини фотељи.
Со разрешувањето на членовите на управните и надзорните одбори се блокираа јавните претпријатија и установи. Тие неможат да ги вршат своите функсции што е многу штетно за остварување на правата на граѓаните и вршење на овластувањата согласно законите. Веќе некоклу дена, јавните претпријатиаја и установи се целосно обезглавени и не функционираат нивните управни и надзорни одбори. Кој ќе ги сноси последиците од тоа? Зошто е повреден основниот законски принцип, кој одсекогаш и секаде функционира, а тоа е тогаш кога се разрешува, истовремено и се именува член на управен или надзорен одбор? Зошто толкаво брзање на штета на граѓаните и државата?
Зошто молчи Евроамбасадорот Семуел Жбогар!
Зошто молчи евроамбасадорот Семуел Жбогар? Ова ли се еврпските стандарди за јавната администрација? Ова ли е почетокот на реформи на јавната администрација? Должен е да ја извести јавноста за неговиот став за овој масакар врз јавната администрација. Должен е тоа да го стори и поради тоа што со пари на ЕУ се финансира проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност- набљудување на процесот на реформи на јавната админстрација од страна на граѓанските организации”.
Со пари на ЕУ се финасира Соросова фондација!
На 10 март 2017 година во ЕУ Инфо центарот евроамбасадорот Семуел Жбогар го промовира проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации“. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија со 333.333 евра. Имплементацијата на проектот е доверена на Соросовата „Фондација Отворено општество – Македонија“ и „Евротинк – Центарот за европски стратегии“, наводно невладина организација финансирана од Соросовата фондација.
Општа цел на проектот било јакнење на влијанието на граѓанското општество во процесите на креирање на јавните политики. Извршниот директор на НВО “Евротинк“ Бојан Маричич, кој е определен за спроведување на проектот, навел дека за успешна реформа во јавната администрација е потребно постоење на политичка волја кај Владата и доволно притисок и поддршка од јавноста и граѓанското општество да се опстои на вистинска реформа во јавната администрација.
Ова ли е таа вистинска реформа? Каква реформа може да се очекува од Фондацијата на Сорос и неговите сателити за реформа на јавната администрација со средства на ЕУ? Извршниот директор Бојан Маричиќ, сега именуван советник на Зоран Заев, има неограничена можност за реализација на најавениот протисок за партизација на јавната администрација и кршење на елементарните професионални стандарди од политички цели.
Коцките се наместени многу добро. Фондацијата отвотрено општество на Сорос во Скопје и наводната НВО “Евротинг” со 333.333 евра на Европската унија ќе спроведуваат реформи во јавната администрација!!!. Еве, гледаме какви се тие реформи. Штета што со таков пристап и со пари од даночните обврзници на ЕУ раководи Соросовата Фондација во Македонија и наводната НВО “Евротинг“, чиј директор стана владин советник. Тоа е дирекна закана за целосна партизација која брутално се врши, а не за професионални реформи во јавната администрација.
И уште нешто, до кога под Граѓанско општество во Македонија ќе смета само Соросовата Фондација отворено општество Македонија и десетици наводно невладини организации финансирани со повеќе десетици милиони долари од ова фондација, а ќе се занемаруваат повеќе од 7800 други регистрирани невладини организации во Македонија? Се фаворизираат тие кои со години и со многу средства работеа на рушење на власта. Секако, за тоа треба да бидат наградени, па и со пари на ЕУ да спроведуваат “реформи” во јавната аднминистрација. Тешко на државата и граѓаните, кога реформи на јавната администрација спроведува Сорос фондацијата и неговите сателити.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.