| четврток, 6 декември 2018 |

Нема гужва и цените се ниски – овде навистина ќе одморите

Грција важи за едно од најубавите земји во светот, а веќе со години е дестинација која е на врвот кога станува збор за летување.

Кое место и да го одберете нема да погрешите.

Ако спаѓате во групата на оние кои сакаат свеж, чист воздух, плажи на кои не мора да се борите за место, шетање по стариот дел од градот, Лептокарија ер идеален избор.

Ова место е идеално за семејства со деца и лица кои сакаат во текот на 10-те дена одмор да пронајдат мир, да го опуштат телото и душата.

Нјависоките температури овде достигнуваат до 35 степени, што значи нема да се „готвите“ во жештините. Кристалното Егејско море ќе ве разлади, а плажите со ситен мек песок ќе им приреди вистинска масажа на вашите стапала.

Уште една важна работа е тоа за разлика од другите дестинации имаат ниски цени во продавниците и рестораните.

Ако сакате да истражувате може да посетите неколку места одеднаш, само 25 километри оддалечени се Катерини, летувалиштата Неи Пори, Платамона и Паралија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top