Познатиот пејач има големи проблеми. Повеќе не може да пее како некогаш, се бори со алкохолот и комплицирани здравствени проблеми.
– Сакам да пивнувам. Порано повеќе пиев, но сега имам висок притисок и не можам толку да пијам. Се опивам два пато, а тие ќе речат сто пати…, рече Џеј Рамадановски во емисијата кај Рада Раденовиќ.
Џеј во емисијата многу тешко зборуваше и беше очигледно дека не е добар. Самиот призна дека не се сеќава на зборовите на своите песни и дека исклучително му е тешко да пее на концертите.
– Не ја знам секоја своја песна и луѓето не можат да поверуваат кога ќе ми побараат да испејам некоја, беше искрен Џеј кому водителката му побара да го отпее својот хит „Иди јер неко чека на тебе“, но Џеј го знаеше само рефренот и едвај ја отпеа.
Инаку, Џеј пред извесно време имаше сериозни проблеми со срцето и се говореше дека треба да оди на операција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата
-
Откриен нелегален алкохол во фирма во Кавадарци, приведен управителот