Во иднина животниот век на човекот ќе се намали на 20 години. До ваков заклучок дојдоа руските научници по извршено масовно истражување. Според експертите, во догледна иднина човештвото ќе почне да страда од болести кои ќе бидат отпорни на антибиотици и други лекови.
„Во текот на последните 20 години успеавме да развиеме само два нови антибиотика, но луѓе продолжуваат секојдневно да умираат од болести. Во исто време, во периодот од 1940 до 1960 година, експертите имаат развиено повеќе од 50 видови на нови лекови. Сепак, денес тие ја имаат изгубено својата актуелност“, коментира Ирина Чукаева, заслужен доктор на РФ.
Научниците претпоставуваат дека поради оваа причина животниот век ќе се намали од 85 на 20 години, пренесува порталот „Економијата денес“.
Извор: Руска реч
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.