Рамноправен живот – ДА, селективност – не. Се чини „доаѓа живот“ за одредени групи кои сметаат дека се маргинализирани, но не доаѓа живот за ранливите категории. Во првите 40 дена од формирањето на власта предводена од Зоран Заев не се најде време да се поразговара за лицата со хендикеп. Очигледно нема кој да крене рака и да покрене иницијатива за овие деца, за овие луѓе, за родителите кои се соочуваат со реални проблеми поради хендикепот на своите најмили. Времето за нив лета, но нивниот интерес некому не му е „атрактивен“. Но, затоа има кој да крене рака за хомосексуалците. Има кој да запраша што е со нивните права. Се работело за голема група граѓани, гласачи и нивните права мора да се решат. Децата со хендикеп не се гласачи, ниту пак со нив може да се крене прав за да се затскријат одредени случувања во државата кои треба да се протнат низ мала врата.
Месец и половина од владеењето на социјалдемократите во кои се дебатираше за педофилите и нивните права, се дебатира за хомосексуалните бракови, се дебатира за правата на хомосексуалците за посвојат дете. Се отворија вратите за овие лица, но за родителите и за лицата со посебни потреби вратите на институциите останаа затворени. И додека се зборува за правото на оние кои сметаат дека се најдискриминирани во општеството, се рушат вистинските семејни вредности и се создаваат поинакви вредности, ранливите категории не само што се ставаат некаде на маргините, туку и се злоупотребуваат. Некој си зема право да манипулира со нив, да ги користи за задоволување на нечии ниски страсти и лични фрустрации.
„Тендерското“ барање на Боки 13
Бојан Јовановски, популарниот контроверзен водител, неодамна изјави дека донел одлука да посвои три деца.
„Донесов одлука, како самец, човек кој не е во никаков брачен или партнерски однос, да посвојам три деца кои ќе бидат од различна вероисповед, христијанска и муслиманска, а третото дете сум согласен да биде со мали или умерени тешкотии во психофизичкиот развој, односно дете со специјални потреби“, објави на Фејсбук Бојан Јовановски, кој се претставува како претседател на Меѓународен сојуз.
На водителот познат како Боки 13 порталот офф.нет му врати со добро срочен одговор:
„Убаво е да сакаш да станеш родител. Не е убаво кога мислиш дека таа одлука треба да биде проследена со нарачка. Нејасно е како тој мисли дека малите кои ќе ги посвои имаат однос кон религијата, па да му дадат деца од различни верски модели. Може мисли дека на маливе им даваат чварка, па ако ја изеде е христијанче, ако не, тогаш мора да е муслиманче. И капак, според идниот родител, она трето дете кое сака да го посвои (со тендерски услов да биде дете со пречки во развој), нема религија, пошто ваљда е напуштено од Бога“.
Децата не се брендирани чанти за задоволување на искомплексираниот гламур
Одлуката на Бојан Јовановски наиде на негодување. Но, и на пофалби. Секој обид да се посочи дека ваквата изјава на Бојан 13 е прво дискриминаторска, второ популистичка, трето се коси со одредени вредности во општеството, беше „каменуван“. Со тоа се соочи и порталот „Република“ при пренесување на твит за „трите деца“ на Бојан 13. По објавениот твит на нашата адреса пристигнаа реакции. Кај дел од беше забележително дека на испраќачите не им е проблем да глорифицараат ликови кои промовираат неморално однесување и навредуваат илјадници граѓани вклучително и лица со посебни потреби само затоа што не биле истомисленици. Дел, пак, беа изманипулирани и буквално насочени да испратат реакција до редакцијата. Пристигнуваше една иста порака, па дури и дел од испраќачите имаа заборавено да го избришат упатството од нарачателот, па ни пристигнаа и пораки со упатство.
„Република“ одговори на пораките:
„Чувствителната тема што ја отвори најавата на Боки 13 да посвои три деца, дискриминирани по верска основа и според здравствената состојба, со право крена многу прашина. Сепак, револтот упатен кон нашиот медиум е неоправдан, со оглед на тоа што не доаѓа на вистинската адреса.
Во нашето сандаче пристигна една порака од многу испраќачи, кои се обидоа да ни одржат лекција за тоа што се луѓе со посебни потребни. Реагираат на пренесен твит (напишан од трето лице) кој воопшто не се однесува на лица со посебно потреби, туку во себе содржи зборови кои имаат преносно значење, односно зборови кои во нашиот јазик се користат за слободно говорно изразување. Овие и други зборови кои во нивното основно значење означуваат некаква медицинска дијагноза за одредена ментална заостаност, во секојдневниот говор означуваат глупост, безмисленост и се однесуваат на психички здрави лица кои излегуваат надвор од моралните и етичките општествени норми.
Организираните испраќачи можат да прелистаат во нашата архива и да се запознаат со нашата работа и да видат дека во нашите текстови не вршиме дискриминација на лицата по ниту една основа, ниту етничка, ниту верска, ниту здравствена или пак расна. Напротив, „Република“ секогаш им давала поддршка на лицата со посебни потреби како и на децата со пречки во развојот, но и на децата без родителска грижа, а таквата поддршка ќе продолжи и во иднина.
Дискриминација на децата не вршиме ние, туку оној кој сака да посвои три деца од три категории со „специјални карактеристики“. Не ги навредивме ние родителите на децата со пречки во развојот, туку некој друг, чијашто адреса им е позната на испраќачите на идентичната порака. Ја пренесовме и таа вест, но никој од нив не реагираше.
Повеќе од свесни сме дека оваа порака која доаѓа од повеќе адреси има цел да ја изврти фактичката состојба и да ја префрли топката кај нас. Точно е дека лицата со посебни потреби имаат право на достоинствен и квалитетен живот, и дека зад тоа право стојат нивните семејства. „Република“ ги поддржува нивните права и секогаш е тука како медиум да помогне да се подигне свеста за потребите на тие лица. Доколку некој од родителите или некое лице со посебни потреби се почувствувале навредено од пренесувањето на твитот напишан од трето лице, ние како редакција им се извинуваме.
Но, извинувањето не се однесува на оние кои преку смислена хајка сакаат да ја префрлат топката на наша адреса, а притоа да го заштитат и да го величаат оној кој, како што самиот кажа, сака да посвои три деца од три категории со „специјални карактеристики“.
Суштината на овој проблем е злоупотребата на децата без родителска грижа. Децата не се брендирани чанти за задоволување на искомплексираниот гламур. Децата се производ на Господ, на Природата, на Хромозомите, кој во што верува, нивната игра нѐ прави различни. Наша цел никогаш не биле луѓе со посебни потреби. Наша цел биле и ќе бидат оние што имаат потреба преку нив да ги задоволат ниските страсти и личните фрустрации со затскриена злоупотреба. Онака како што ве злоупотребуваат Вас во обидот да ги оцрнат оние кои го посочуваат вистинскиот извор на злоупотреба.“
Кабинетите отворени за едни, затворени за други
Но, кој дозволува да се манипулираат лицата со реални проблеми. Лицата со хендикеп кампуваат пред Собранието на Република Македонија. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги посети и добија ветување дека ќе се бара решение за нивните барања. Сепак, родителите не веруваат на ваквите ветувања, бараат реализација. Бараат дебата, бараат прием, бараат конкретни решенија. Бараат оние од собраниските клупи да дојдат и да видат за кого треба да кренат рака. За жал, се чини некои од нив кренаа рака за хомосексуалците, зашто нивните потреби се поголеми, нивните барања се приоритетни, нивното барање за склучување брак помеѓу маж и маж и жена и жена има предност пред родителите кои се прашуваат што ќе биде со нивните деца со пречки во развојот по нивниот живот, кој ќе се грижи за нив, каде ќе ги остават.
За контроверзниот Бојан Јовановски имаше време. Имаше време Зоран Заев да го прими во премиерскиот кабинет, да се фотографира со него. Имаше време и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. И тој седна на заедничка маса со Боки 13. Министерката Мила Царовска, исто така, седна на маса. Таа е единствената што најде време и за претставниците од граѓанската иницијатива „Пет до дванаесет“, но цел месец по посетата нема ништо конкретно. Немаше ништо конкретно и од заменската министерка за труд и социјала Фросина Ременски, која ракоплескаше на идејата на Боки 13 да биде татко на три деца.
Бакнежот на хомосексуалците пред потребите на лицата со хендикеп
Четириесет дена јавноста е манипулирана, 40 дена вниманието на јавноста свесно се врти кон теми кои не би требало да бидат приоритетни. Министерката за образование Рената Десковска го направи првиот чекор – да се повлече учебникот во кој се зборува за семејни вредности и во кој се бара децата да донесат фотографија од венчавката на нивните родители. Но, не најде време да поразговара со родителите на децата со посебни потреби што им е потребно за нивните чеда да добијат соодветно образование и достоинствен живот.
Наместо битка за подобар, достоинствен живот на лицата со хендикеп, се случи игра со нивните чувства, злоупотреба на нивната ранливост. Сепак, нивниот проблем со висината на месечниот надомест кој го примаат, со дискриминацијата со која се соочуваат во општеството, барањето да се формира народен правобранител за лица со посебни потреби, потребата да се избрише границата од 26 години за правото за користење на скратено работно време на родителите кои имаат деца со пречки во развој како и воведениот материјален цензус за користење на правото на помош за нега не е дел од интересот на оние кои изминатата недела ги злоупотребуваат овие лица. За нив приоритетно е дали хомосексуалните двојки ќе може да излезат од, како што велат „плакарот“, да се бакнат во јавност и дали носењето бурма кај хетеросексуалните двојки нив ги прави граѓани од втор ред.
Сексуалната злоупотреба и педофилијата врз децата во хомосексуалните бракови е многу висока
Дали во Македонија треба да се склучуваат хомосексуални бракови и дали на хомосексуалните брачни двојки треба да им биде овозможено да посвојуваат деца? Оваа тема ја бранува јавноста веќе подолго време. Интересно е да се погледне студијата на социологот и научник Марк Регенерус, кој дава конкретен доказ за последиците кон децата во хомосексуалните бракови. Имено, преку научно истражување дојдено е до сознанија дека сексуалната злоупотреба и педофилијата врз децата во хомосексуалните бракови е за голем процент повисока отколку во традиционалниот брак меѓу маж и жена. Исто така, интересен податок е дека децата од хомосексуалните бракови за цели 700 проценти повеќе завршуваат во поправни домови, многу почесто стануваат зависници на дрога и се впуштаат во криминал. Кај нив е поголема и невработеноста.
– Најголемата жртва на хомосексуалните бракови се токму најслабите – децата. Од сексуалната злоупотреба до склоноста кон депресија и дрога, заклучува во студијата, научникот Регенерус.
Според податоците на научникот приложени во студијата, помалку од два проценти од децата во непроменетите биолошки семејства изјавиле дека доживеале сексуална злоупотреба од некаква природа, додека таа бројка кај децата на истополовите двојки изнесува 23 проценти. Загрижувачки е и податокот дека 14 отсто од децата од хомосексуалните двојки имаат поминато некое време во згрижувачки семејства во споредба со околу два отсто од американската популација во целина. Процентот на апсења, експериментирање со дрога како и стапката на невработеност се повисоки кај децата со родители од ист пол. Само два од 175 испитаници кои изјавиле дека имаат мајка во лејзбијски однос го поминале целото свое детство со двојката, а ниту едно дете не го поминало своето детство во домот на мажи во геј-врска.
– Едноставно, ако сакате да им дадете на вашите деца најдобар почеток во животот, треба да бидат во рамки на нормален биолошки брак и да останат заедно со двојката за време на бракот, наведува Регенерус.
Пишува: Билјана Зафирова
(Текст објавен во 254. број на неделникот „Република“, 14.7.2017)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.