| четврток, 6 декември 2018 |

Пет македонските олимпијци на Олимписките игри за глуви во Турција

Пет спортисти од Националната спортска федерација на глуви во Македонија се учесници на 23-те Олимписки игри за глуви, кои ќе се одржат во Самсун, Турција, од 18 до 30 јули, 2017-та година.

Македонски претставници за Олимпијадата за глуви ќе бидат: Андријана Грковска (стрелаштво, дисциплина 10м воздушен пиштол и знаменосец на македонското знаме), Светлан Седмаков (воздушен пиштол 10м), Андреј Стојаноски (пливање, дисциплини 400м слободно, 400м мешано, 1500м), Давор Талевски и Самир Цеховиќ (атлетика, дисциплина 100м и 200м).

Тие денеска во Агенцијата за млади и спорт се сретнаа со директорот, Дарко Каевски, кој им посака многу успех.

На средбата се говорело и за започнување на кампања која ќе ги привлече младите спортски таленти со овој тип на хендикеп, со цел полесна нивна социјализација во општеството и притоа да дадат придонес во македонскиот спорт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top