| четврток, 6 декември 2018 |

„Новиот живот“ на дело: Заев ги продаде државата, семејството и традиционалните вредности

 

nenad-mircevski-kol-120

Ненад Мирчевски

За само 40 дена од поставувањето на квислиншката влада видовме на дело како се спроведува политички реваншизам, како се води хајка на опозицијата, како се врши масовна партизација на институциите, како се „витка кичма“ пред соседите до самопонижување, како се спроведува политика креирана во други држави, како се понижува сопствениот народ, како се тргува со историјата, јазикот, културата, името на државата… Видовме како еден куп „професионални“ новинари од Соросовата медиумска фабрика ги премолчуваат сите скандали и антидржавни чекори за да обезбедат место на „Илинденска“ б.б., каде што продолжуваат да одработуваат за предавничката власт. Видовме како приоритет на власта станаа педофилите и хомосексуалците и како владините партнери ги третираат децата како сексуални играчки или ги злоупотребуваат децата без родители за промоција на девијантни појави во општеството.

Како ли само успеа ЛГБТИ-заедницата да се најде на врвот на листата на Заев пред сите оние социјални и ранливи категории на граѓани и лица со посебни потреби чии гласови беа купувани во предизборието токму со ветување дека новата влада ќе им донесе нов подобар живот?

Болната вистина е дека за ова што денес го имаме како „нов живот“ со кој не само што се уриваат темелите на државата туку и на традиционалното семејство, на последните избори гласаа повеќе од 350.000 Македонци. Во нивно име и во име на уште толку албански гласачи кои гласаа за СДС и за нивните коалициски партнери гледаме како Заев дава отворена поддршка на сите барања на оваа категорија граѓани.

Додека ЛГБТИ-заедницата со агресивната промоција на својата идеологија го одвлекува вниманието на јавноста, Заев се обидува да ги стави под тепих неисполнетите предизборни ветувања и незабележливо да ги задоволи желбите на неговите налогодавачи преку потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија и гласањето на Законот за јазици, со кој ќе се нанесе ненадоместлива штета на македонските национални интереси.

Антимакедонската политика што денес ја спроведува Заев ја најавувавме уште пред ланските избори. Ваквиот развој на настаните беше видлив од тука до Америка, иако тоа не сакаа да го видат повеќе од 350.000 Македонци. Дури и американскиот „Дејли сигнал“ пред неколку месеци предупредуваше дека „во Македонија се води битка меѓу конзервативните партии кои ги поддржуваат традиционалните вредности и националниот суверенитет, и оние, често финансирани од страна на либералните милијардери со амбициозна агенда, која вклучува либерални дроги и сексуално-ориентални политики, како и транснационализам“. Токму амбициозната агенда на Сорос е единствената видлива промена во општеството, наспроти сето она што народот го гласаше, а сега не може ни да се помисли дека ќе се реализира.

„Ќе менуваме сѐ од чистач до министер“ е единственото ветување на Заев кое буквално се спроведува! Ветуваше департизирана администрација, а сведоци сме на масовна партизација на институциите. Ветуваше дека на функциите ќе поставува експерти и стручњаци во секоја област, а денес гледаме како ги полни институциите со Соросови платеници и партиски послушници. Во тоа масовно партизирање се газат големи професионалци во своите области со светско реноме само поради различната партиска идеолошка припадност!

Со инсталирањето на оваа квислиншка власт најпрво беше погазена волјата на мнозинството од 455.000 гласачи кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, а сега истите тие ја погазуваат и волјата на оние 430.000 граѓани кои гласаа за просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 16.000 денари. Заев упорно одбива да ги исполни ветувањата за плата на лекарите од 1.600 евра, за укинување на радиодифузната такса, за поврат на ДДВ, за евтина струја… Ги игнорира земјоделците на кои им ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат за нивните производи. Наместо тоа, гледаме како земјоделците меѓу себе се тепаат во борбата за гола егзистенција. Сведоци сме и како арачиновци кои предизборно бараа од Заев канализација, сега останаа без вода.

Сето ова гледаме како го премолчуваат најголемиот број медиуми. Истите тие професионалци срамно ги игнорираат темите кои задираат во националните интереси, кои ги загрозуваат македонската историја, култура, јазик и традиција, но и свесно замижуваат пред провокациите врз македонскиот народ.

Во таа насока скандалозно го премолчеа вандализирањето на православни гробишта во Љуботен, како и заканите на семејствата на обвинетите терористи од Диво Насеље до Заев и Ахмети кои најавуваат „крв за крв“ ако терористите не бидат ослободени!

Наивно е да се надеваме дека Зоран Заев и неговата предавничка банда ќе сменат нешто во начинот на владеење кое го применуваат во првите 40 дена или дека ќе се откажат од сценариото за разнебитување на државата. Но, за да се победи злото кое во моментот ја запоседна Македонија, потребна е храброст и сила во националниот карактер. Колапсот на духот на Македонецот ќе значи конечен пораз на македонизмот. Затоа во ниту еден момент не смееме да се поколебаме во одлучноста да стоиме цврсто во одбрана на слободата, верата, законите, историјата и националниот идентитет.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top