| четврток, 6 декември 2018 |

Минимум 100 висококвалитетни минути неделно-ова е тајната на успешниот брак на Марк Цукерберг

Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан се во брак веќе пет години, а моментално го очекуваат второто дете.

– Присила е мојот најубав спомен од Харвард. Ја запознав откако веќе го имав направеноФејсмаш, социјалната мрежа која е основата на Фејсбук. Што значи дека без Фејсмаш немаше да ја запознаам Присила, најважната личност во мојот живот. Поради тоа, тоа е еден од најдобрите работи ои ги имам направено – изјавил Цукерберг.

Со Присила тој е во врска веќе 14 години, а тајната на успехот на нивната долга врска лежи во прецизноста и во броевите.

Уште на факултет, кога станале двојка, Присила побарала од Марк да потпише договор за врската во кој најважниот дел бил „задолжително дружење“ кое подразбира неделно заедно да поминат минимум 100 висококвалитетни минути и најмалку еднаш да излезат на состанок. Марк и Присила до ова правило се држат до ден денес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top