ВМРО-ДПМНЕ продолжува со одржување на панел дискусиите, каде даваат предлози до новата власт за подобар живот на граѓаните, но и ги презентираат проектите кои минатата власт ги направи. Марјан Спасески денеска на панел дискусијата „ВМРО-ДПМНЕ ги зголемуваше, а СДС ги намалува финансиите во образованието“ кажа дека инвестирањето во образованието било од главните цели на ВМРО-ДПМНЕ додека беа на власт, тој надополни дека не може да се спореди оваа влада на СДС, со претходната на ВМРО-ДПМНЕ.
-Од 2006 година па наваму, чисто како податок бидејќи ние сите наши политики ги темелиме на база на анализи, подоцна резултираат со пректи и со отчети за сработеното. Може да се види дека согласно податоците од Министерството за образование и наука, изградени се вкупно 74 нови училишта на територијата на цела Македонија, преку 400 основни и средни училишта се реконструирани или санирани. Нешто што беше незамисливо во периодот кога на власт беше СДС, изјави Спасески.
Тој кажа дека првото основно училиште што е изградено од темел во независна Македонија е изградено од ВМРО-ДПМНЕ, изградено после 2006 година. Преку 50 милиони евра се инвестирани за нови училишта и реновирање на истите, изградени се вкупно 102 спортски сали, нешто што како што кажа Спасески.
-Тоталниот буџет за инвестиции во образованието од 2006 е покачен за 86 проценти, од вкупно 13 милијарди, буџетот во делот за образованието сега изнесува 25 милијарди. Владата на СДС не посветува доволно внимание за развојот на образованието и обраовниот процес, а сето тоа се гледа од првите мерки кои ги преземаа. Со ребалансот на буџетот околу 2 милијарди денари се скратија во делот на образованието и образовните политики, изјави Спасески.
Спасески кажа дека голем бенефит виделе и професорите, најниската плата езголемена за 119 проценти, а највисоката за повеќе од 60 проценти. Тој кажа дека најголемиот дел од кратењето на парите е највеќе од клучните реформи. Тој изрази надеж дека реализацијата на градбата на нови згради на факултетите ќе продолжи, но и тука се кратат пари.
-Ако Владата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на образованието во изминативе неколку години, во спортската инфраструктура, во обезбедување оптимални услови за работа во училниците, вложи милиони милиони евра во изградба во изградба и реновирање на 500 капитални објекти во Република Македонија, навистина е трагично на тековните градежни работи кои требаше да бидат во главен ек во следниот период, сега да прекинуваат, изјави Спасески.
Тој зборуваше и за спортските стипендии кои ги даваше заедно Владата со Агенцијата за млади и спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.