Поранешниот обвинител, Сотир Костов на денешната панел-дискусија во организација на институтот „Павел Шатев“ вели дека ако двајцата професори од правниот факултет, мислејќи на Љубомир Фрчковски и Владо Камбовски, прават реформа на правосудниот и правниот систем во Македонија, тогаш тешко на Република Македонија и тешко на нас.
Катица Јанева повторно јава, повторно се издигнува над правото, таа повторно покажува далтонизам за правото и сега е во фаза на заканување на судските органи, поточно на второстепените органи. Потпомогната од власта вршат притисок потполно да биде поапсено раководството на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи наводно се пријавени обвинети, истакна Костов, додавајќи дека во 99 отсто од случаите тоа се прави во истражна постапка, кога се отвора истрага за да се обезбедат докази и сигурност на истрагата.
Според него, бидејќи во позадина или во тие судски предмети нема докази, нема факти, нема аргументи, туку голи индиции од незаконските телефонски разговори, сега се прави нова стратегија за да се дефокусира македонската јавност кога се прават обиди да се продаде името, идентитетот да биде сквернавен и да се уапси раководството кое ја водеше Македонија последните 10-11 години.
-Сакаат да апсат луѓе кои 10 години ја изградија Македонија. Сакаат да апсат луѓе кои постигнаа успеси во сузбивање на сите видови на криминали, толку големи успеси што наназад 15 години тоа не беше направено. Сакаат да апсат луѓе кои не ја наведнаа главата, кои не го скршија ‘рбетот, не го дадоа името Република Македонија, посочи Костов.
Тој додаде дека тие вршат притисок кон судиите да донесат одлуки кои не држат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст