| четврток, 6 декември 2018 |

Довчерашната вмровка Јовановска се уште главен адут на Заев за директор на ГАК

 

Иако смената на директорската позиција на Гинеколошко акушерската клиника беше најавувана уште пред еден месец, клиниката се уште нема нов директор. Извори на Република тврдат причината за одолговлекувањето е инсистирањето на кланот Заеви на позицијата да биде поставена довчерашната вмровка, д-р Викторија Јовановска, која е блиска пријателка на сопругата на Зоран Заев.

                                              Заева и Јовановска

За д-р Јовановска силно лобирал и гинекологот Марјан Стојовски, кој беше директор на Клиниката за гинекологија и акушерство во времето на СДСМ и раководител на операционите сали, а сега е осуден е на две години затвор за примање поткуп.

Пријателката на Стојовски нова директорка на ГАК?!

На клиниката се зборува дека токму Стојовски е главен советник на Заев за избор на нови раководни кадри на клиниките, а причината за неговото големо залагање за д-р Јовановска била нивната блискост која во исто време сакал да ја искористи за да го врати своето лично влијание на клиниката.

                                                     Марјан Стојовски

Од друга страна пак, информациите за можното нејзино именување предизвика големо разочарување и реакции пред се кај членството на партијата, но и кај  персоналот на ГАК од каде изразуваат загриженост дека со нејзино назначување на раководна позиција драстично ќе опадне квалитетот на работа на клиниката.

Со идејата д-р Јовановска да биде нов директор на клиниката не се согласувал ниту нејзиниот сопруг, кому наводно му пречело блиското пријателство на Јовановска со Стојовски. Министерот Таравари исто така имал проблем д-р Јовановска да биде поставена на оваа функција сметајќи дека предност треба да се даде на поквалитетен кадар. Извори од ГАК велат дека д-р Јовановска не е ниту доктор на науки ниту субспецијалист и токму поради тој факт најавите за нејзиното поставување изненади најголем дел од професионалниот кадар на клиниката.

И покрај незадоволството на многумина, д-р Јовановска како што велат изворите од клиниката, уште неназначена, веќе се однесува како директорка, со ветувања и најави за разрешувања од функции на дел од персоналот. Таа била убедена дека Заеви се доволно моќни да и го обезбедат местото и покрај тоа што до вчера беше од противничкиот табор.

Јовановска, потенцијалната директорка на ГАК, за време на боледување шета во кафеани (фото)

Во времето на директорувањето на актуелната директорка Марија Хаџи Лега се направени значајни промени на ГАК. Отворено е одделение за патолошка бременост, сопствена перална, се започна со нова метода на фетална ехокардиолографија, 3Д технологија за лапароскопски интервенции, се отвори операциона сала за лапароскопски интервенции, банка за донирано мајчино млеко, се направи соработка со бројни светки познати центри, особено значајни соработките со АКH од Виена и истражувачкиот центар за предвремено породување во Детроит, како и ред други новини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top