| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Важните договори треба да се носат со што поголем национален консензус

Важните договори треба да се носат со што поголем национален консензус, смета пратеникот Антонио Милошоски.

Во „Отворено студио“ на ТВ НОВА, Милошоски говорејќи за договорот за добрососедство со Бугарија посочи дека договорот секако ќе стигне до Собранието во фазата на ратификација, меѓутоа неопходно е ваквите договори да бидат донесени што поголем национален консензус.

– Бараме пратениците да бидат информирани и Владата да вложи напор и да не убеди дека договорот е добар за Република Македонија, или ние како пратеници да вложиме напор онаму каде мислиме дека има потреба за корекции и подобрување на текстот во интерес на државата, да го направиме тоа. Доколку Владата цени дека договорот се уште не е доволно ферментиран да биде отворен за целата македонска јавност, ние како пратеници немаме проблем да прифатиме по предлог на МНР седницата да биде од затворен карактер, предложи Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top