| четврток, 6 декември 2018 |

На Петровден изедете јаболко и ќе ве следи среќа цела година

Денеска е голем празник Петровден, еден од најголемите по Велигден, празник посветен на апостолите Петар и Павле.

На овој празник не се работи, порано стоката се прскала со вода за да биде здрава цела година, а се плетеле и венци и им се ставале на роговите на животните.

На овој ден не смеат да се сечат јаболки со нож, ниту да се удираат јаболки една од друга. Се верувало дека во спротивно ќе падне силен град. Некои им носат јаболки наутро на соседите, а некои разнесуваат за покојните. Треба да изедете јаболко без да го сечете за годината а ви е среќна.

Обичај е да се меси колач со јаболки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top