Меѓународната федерација на новинари денеска во Даблин усвои барање со кое од македонските власти бара итно да го ослободат од притвор новинарот Томислав Кежаровски.
„Конгресот верува дека судската одлука за притворот е директен напад не само врз Кежаровски, туку и врз слободата на медиумите и слободата на говорот во Македонија“, се вели во итното барање од Конгресот до македонските власти.
Делегатите дадоа целосна поддршка на новинарот Кежаровски и безусловно го поддржуваат неговото право да не ги открива изворите на информации.
„Светскиот конгрес на Меѓународната федерација на новинари го реафирмира ставот дека заштитата на изворите е право загарантирано со европското законодавство и меѓународните стандарди и основен принцип на новинарството. Тоа право јасно е посочено во членот 16 од Уставот на Република Македонија“, стои во документот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.