СЈО прави политичка хајка насочена кон ВМРО-ДПМНЕ. Слабеењето на ВМРО-ДПМНЕ е со намера да се ослаби државата. СЈО не само што слепо ги извршува политичките нарачки на Зоран Заев, туку почна и да се однесува како него. Ниту ги интересираат, ниту ги почитуваат законите, истакна на прес-конференција пред СЈО, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-СЈО се формираше со закон поддржан од четирите најголеми политички партии. Имаа рок од 18 месеци за да отворат истраги и да финишираат со обвиненија. Тој рок истече на 30-ти јуни. Секое дејствие кое СЈО во оваа насока би го презело натаму е тешка повреда на законот. СЈО има обврска да го почитува законот и да ги уништи незаконските материјали. Доколку СЈО не постапи согласно закон и не ги уништи во соодветна постапка незаконски прислушуваните материјали, сноси сериозна одговорност и ги зголемува ризиците за натамошни уцени и политички притисоци врз сите кои биле цел на Верушевски, Заев и останатите обвинети од „Пуч“, рече Костовски.
Дека СЈО настапува исклучиво политички и во координација со СДС најдобро говори фактот што во нивните монтирани случаи се опфатени стотина лица од партијата.
-Само од ВМРО-ДПМНЕ. Намерата е партијата политички да се оцрни и меѓународно да се изолира. Заради тоа, без никаква основа се одземени пасошите на четириесетина луѓе само од ВМРО-ДПМНЕ и никој друг, рече Костовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст