Колумбискиот репрезентативец Џејмс Родригез го напушти Реал Мадрид и се пресели во Баерн Минхен, соопшти официјално германскиот клуб. Откако веќе подолго време се шпекулираше дека тој ќе го напушти Реал, а дел од медиумите на Островот јавија дека е пред потпис со Манчестер Јунајтед, денес оваа вест беше изненадување за многумина за тоа колку брзо Баерн успеа да го донесе играчот во своите редови.
Засега не се познати повеќе детали за трансферот на колумбиецот, а според првичните информации тој ќе биде на 2-годишна позајмица во Баерн, која ќе ги чини 10 милиони евра. За да го потпишат фудбалерот, „баварците“ ќе треба да доплатат уште 32 милиони евра.
Доаѓањето на Родригез во Баерн ја отвора вратата за Даглас Коста да се пресели во Јувентус, трансфер за кој веќе подолго време се преговара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент