| четврток, 6 декември 2018 |

Софија се заканува: Оддалечувањето од договорот ќе биде лош сигнал, Заев ќе си ја исече главата

„Оддалечувањето на властите во Македонија (од Договорот за добрососедство со Бугарија) ќе биде многу лош сигнал и за нив во обидот да излезат од изолацијата. Нема како да се случи тоа без да почнат да разговараат со Бугарија и со Грција“, анализира поранешниот шеф на бугарската дипломатија и вицепремиер Ивајло Калфин, според кого „Заев ќе си ја исече главата ако не направи ништо и тргне по патеката на Груевски“.

Ние сме ја признале државата под уставно име. Нема такво нешто како признавање на јазикот. Се појавуваат нови држави , по што се признава државата. Ние имаме спор за јазикот за кој што е најдено решение во 90-тите, треба да се научиме да живееме со заедничка историја. Важно е во таков договор да се говори за добрососедство, за изумирање на агресивната злоупотреба ма историјата, најдена е и формула за јазикот- договоро ќе биде потпишан на официјалните јазици на двете страни и на англиски јазик, објаснува Калфин.

Токму Калфин познат како бугарски шеф на дипломатијата кој во 2006 година прв порача дека бугарската поддршка за интеграциите на Македонија не е безусловна и дека зависи од немешањето на земјата во бугарската историја и нација. Тој тогаш директно посочи кон Македонија „да ги почитува принципите на добрососедство и особено ќе следиме Македонија да не пројавува агресија кон бугарската историја и нација“. Овој став тогаш доби поддршка и од претседателот Геогри Прванов, кој порача дека „министерот Ивајло Калфин безусловно е во право, дека поддршката од Бугарија за Македонија треба да одговора на толерантност во односот кон историјата, да исклучува секаков негативизам и секаква агресивност“.

Тогашниот македонски амбасадор во Софија Абдурахман Алити веднаш по изјавата на Калфин побарал прием во бугарското МНР за да добие објаснување на каква агресија мислел министерот, бидејќи, тој не објаснил за какво „мешање во бугарската историја и нација“ станува збор, но и да го пренесе ставот дека „Македонија со ништо не придонела да дојде до ваква реакција“ и пораката од Скопје дека токму ваквите изјави не придонесуваат за развој на добрососедските оцени. Алити неколку пати „извисуваше“ од договорена средба.

Лична процена на Алити е дека мотивите за изјавата е обновената регистрација на партијата на Македонците во Бугарија, но и писмото на Европската слободна алијанса до челниците на ЕУ во Брисел, во кое се бара признавање на македонското малцинство во Бугарија и на нивното право на слободно здружување.

Но, чудно е зошто во тоа ја мешаат Македонија, бидејќи станува збор за партија што се формира во Бугарија и во Македонија со тоа нема ништо – порача Алити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top