| четврток, 6 декември 2018 |

Ги има на сите страни-погледнете ги многуте тетоважи кои ги има новата девојка на Лукас!

Бранислава Пашајлија и Соња Вуксановиќ дефинитивно немаат многу сличности, барем кога е физичкиот изглед во прашање.

Она по што сигурно многу се разликуваат е фактот дека новата девојка на Аца Лукас е склона кон тетовирање, па разни цртежи и пораки има по целото тело.

На левата рака, Бранислава има огромна тетоважа, која потсетува на лик на воинка.

Додека на другата на подлактицата, го има испишано името на својот син.

Уште една тетоважа, малку поситна, Бранислава има над градите.

Како што можело да се види на нејзините стари фотографии кои ги избришала кога се појавила првата информација за врската со Лукас, Бранислава има уште тетоважи, кои ќе се видат доколку таа наскоро сподели и некоја фотографија во бикини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top