Граѓанската Влада на Македонија во пресрет на најавеното потпишување на Договор за добрососедство со Бугарија без притоа да биде даден на увид пред јавноста, „ја повикува македонската опозиција и македонскиот народ да го спречат по секоја цена капитулантскиот договор“.
-Денес е време не за партиски трибини, туку за национални реални дејствија- порачуваат од таму.
Во соопштението адресирано до македонскиот народ, под заглавие „Договори за пријателство со окупатори“, Граѓанската Влада предупредува дека во Бугарија „Никола Димитров добива готов капитулантски за Македонија договор и има право само да го потпише. На истиот начин Зоран Заев доби готова, капитулантска за Македонија, тиранска платформа и ја потпиша без каков и да било приговор“, а се предупредува дека истото се подготвува и од грчка страна во однос на македонското име.
Интегрално
ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
ДОГОВОРИ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО СО ОКУПАТОРИ
ГРАЃАНСКАТА ВЛАДА НА СЛОБОДНА И СУВЕРЕНА МАКЕДОНИЈА ИЗЈАВУВА ДЕКА СО СПРЕМАНИТЕ ДОГОВОРИ СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА ЗА МЕНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ/ИДЕНТИТЕТ/,СО ПОКЛОНУВАЊЕТО НА АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА НА ГРЦИТЕ И СРЕДНОВЕКОВНАТА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА НА БУГАРИТЕ, СО ЗАЕДНИЧКОТО СЛАВЕЊЕ НА ИЛИНДЕН СО БУГАРИЈА, АВТОМАТСКИ СЕ ИСЦРТУВААТ ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДАВНИЦИ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. СЕКОЈ ОД ВЛАСТА ИЛИ ОД ОПОЗИЦИЈАТА, ОД ДРЖАВНИТЕ И КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНИ ИНСТИТУЦИИ КОЈ ЌЕ ПРИФАТИ ДОГОВОР СО ОКУПАТОР НА МАКЕДОНСКА ТЕРИТОРИЈА, НАСЕЛЕНИЕ И ИСТОРИЈА, НЕМА МЕСТО МЕЃУ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Договорот со Бугарија, за кој министерот Димитров и бугарската министерка за надворешни работи Захариева наводно постигнале база за компромис на 9 јули за време на неговата посета во Софија, уште од 3 јули е во бугарското Собрание со пречистен текст. Готов само за потпишување. Во тој договор Бугарија не го признава ниту македонскиот јазик, ниту македонската нација, ниту македонското малцинство во Бугарија. Наспроти откажувањето на Македонија од своето национално малцинство, „бугарското“ малцинство во Македонија добива целосна културна автономија, вклучително со основање на театри, училишта и други просветни центри. Притоа, македонската држава се обврзува да слави со Бугарија општи празници според потребата на бугарските државни интереси, вклучително и да подига бугарски споменици.
Во практика, Никола Димитров добива готов капитулантски за Македонија договор и има право само да го потпише.
На истиот начин Зоран Заев доби готова, капитулантска за Македонија, тиранска платформа и ја потпиша без каков и да било приговор.
Истото се спрема и од грчка страна во однос на македонското име.
ГРАЃАНСКАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА ЈА ПОВИКУВА МАКЕДОНСКАТА ОПОЗИЦИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА ГО СПРЕЧАТ ПО СЕКОЈА ЦЕНА КАПИТУЛАНТСКИОТ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА. ДЕНЕС Е ВРЕМЕ НЕ ЗА ПАРТИСКИ ТРИБИНИ, ТУКУ ЗА НАЦИОНАЛНИ РЕАЛНИ ДЕЈСТВИЈА.
ГРАЃАНСКА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА
10 јули 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.