| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Сакам да сум премиер

zaev

Целта ми е да го поразам ВМРО-ДПМНЕ и да бидам идниот премиер на Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата на Охрид и средбата со локалното раководство на партијата.
Заев кажа дека на средбата со премиерот Груевски, покрај многуте теми за кои разговарале, зборувале и за ситуацијата во Охрид, но не сакаше да прецизира детали.

Заев од Охрид обвини дека членови на СДСМ, вработени во општинската јавна администрација, биле шиканирани, им се правел голем притисок, им се правеле непринципиелни влијанија и предлози, кои, според Заев, ќе создале трајно штетни последици за добриот градски живот во Охрид.

Заев од Охрид најави дека по неговото доаѓање на чело на партијата ќе има промени во најголем дел од општинските организации на СДСМ во земјава и дека ќе има структурни промени во самата партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top