Германската полиција го истражува случајот на тринаесетгодишен Германец за кој се верува дека во саботата им делел на случајни минувачи банкноти во вкупна вредност од повеќе илјадници евра.
Момчето од градот Бад Тоелц во јужната германска федерална земја Баварија, делел суми од 100 па до 2.400 евра одеднаш, објави локалната полиција.
Извесен број минувачи кои имале среќа да добијат неочекуван паричен подарок, сепак, подоцна ги вратиле парите на полицијата, па локалните полициски службеници изброиле дека од улиците им се вратени 4.500 евра.
Дневниот весник Sueddeutsche Zeitung известува дека, сепак, 6.000 евра останале невратени.
Кога полицписките службеници го пресретнале тинејџерот „алтруист“ на улицата, уште кај себе имал одредена сума пари кои не стасал да ја раздели. Признал дека парите ги земал од своето семејство.
Неговите родители, пак, како додава весникот повикувајќи се на локални извори, „не биле особено импресионирани“. А што претходно овој 13-годишник сторил па неговите родители „огуглале“, весникот не пишува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст