| четврток, 6 декември 2018 |

Фелипе Маса останува во Формула 1 и следната сезона

Бразилскиот возач Фелипе Маса и следната сезона останува во Формула 1.

Иако минатата недела Маса не сакаше да ја соопшти својата одлука, директорката на Ф1 тимот Вилијамс за кој вози Маса изјави дека нема причини да не се продолжи соработката, и тој сигурно останува во Формула 1.

– Не гледам причина зошто не би возел уште една година. Се врати од пензија да му помогне на тимот и вози одлично. Уште многу може да ни помогне, и тоа е јасно и за самиот Маса кој го потврдува тоа.

Маса сезонава освои 20 бода, потврдувајќи дека и тоа како уште може да даде за „Ф1 циркусот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top