Сега се фатија да градат атмосфера на хомосексуалците да им се овозможело да склучуваат брак и да посвојуваат деца. Сите проблеми ги решија, сите ветувања дадени на народот ги исполнија, животот го донесоа, дијаспората ја вратија,…. уште посвојувањето деца во хомосексуални бракови им остана, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски коментирајќи ја работата на СДСМ.
Тој на прославата по повод 26 години Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ истакна:
– Ние во првите месец – два кога влеговме прв пат во владата, баравме инвеститори кои потоа отвораа илјадници нови работни места. Овие со Боки 13 ка се занимаваат. Ние за еден месец на земјоделците им ги намаливме даноците и им обезбедивме субвенции, овие се посветени на тоа да објаснат кој министер јадел салама, а кој пилешко за ручек, а во исто време отвориле теднедери за богато мени на новата влада и министри. И додека се дебатира за ЛГБТ, тие го напаѓаат Дедо Стефан со разни измислици и полувистини. Црквата не им чини, но им чини и модерно им изгледа темата за хомосексуални бракови и посвојување деца во истите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата