Заменик-помошникот државен секретар на САД за Централна и Источна Европа Хојт Брајан Ји изјави дека реагионот нема да ја достигне ЕУ ни за триесет години.
Во интервју за српскиот весник НИН, американскиот политичар коментира дека во наредните три децении, Србија како и земјите од регионот нема да ги достигнат просечните нивоа на показателите на земјите од Заедницата.
Број еден приоритет треба да биде економскиот напредок. Повеќето земји во регионот имаат раст од три-четири проценти годишно, но дури и со овој развој, или дури со раст од шест проценти, земјите од Балканот нема да стигнат до просекот на ЕУ во наредните три децении, истакнал Брајан Ји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст